Erak Touristic, член на Erak Group, веќе скоро две децении е присутен и претпознатлив на пазарот со своите компании кои нудат високо професионални туристички и тур-операторски услуги како и организиран превоз на патници.

Формирана во 2012 година, во Северна Македонија – како прва компанија во регионот со визија да биде мост кој ќе ги спои дестинациите на Балканот со странските туристички агенции. Воглавно нашето работење се темели на B2B (со туристички агенции), но соработуваме и со голем број компании, асоцијации, универзитети и останати институции.

Нашата посветеност и професионалност ни овозможија компанијата да прерасне во бренд кој е претпознатлив и кој за свои клиенти брои реномирани интернационални агенции кои ни го доверија добриот одмор и уживањето на повеќе од 900,000 свои гости.

Со седиште во Северна Македонија и канцеларии во Хрватска, Црна Гора и Турција, делуваме проактивно на меѓународните пазари.

Нашата експертиза ги опфаќа сите аспекти на групни патувања, корпоративни настани, услуги во луксузниот сегмент и менаџментот на дестинации, овозможувајќи беспрекорно искуство за клиентите ширум светот.

Нашата експертиза ги опфаќа сите аспекти на групни патувања, корпоративни настани, услуги во луксузниот сегмент и менаџментот на дестинации, овозможувајќи беспрекорно искуство за клиентите ширум светот.

Тим

Овој успех го постигнавме со инвестирање во личниот и професионален развој на нашиот тим како и на постојаното професионално и посветено работење.

Повеќејазичен тим

Нашиот тим е повеќејазичен, мултикултурен и професионален – кој на нашите клиенти и партнери им обезбедува експертиза и посветеност во секоја услуга и производ што ги обезбедуваме.

Партнерство

Клучен дел од нашата деловна филозофија е создавање и одржување на долготрајно партнерство.

Развој

Сакаме да растеме заедно со нашите клиенти и партнери!

0

Задоволни клиенти

0

Години искуство

0

Дестинации

Ве покануваме да бидете дел од исполнувањето на нашата визија каде со помош на нашата експертиза, флексибилност, персонализиран пристап и професионалност ќе ја достигнете Вашата цел.