Седум места кои треба да ги посетите во Скопје

Скопје е главниот град на Република Северна Македонија град што нуди богата историја, културни атракции и природни убавини. Без разлика дали сте љубител на историјата, архитектурата или природата, овие седум дестинации нудат уникатно искуство и можност за подобро запознавање со духот на градот.
Секој посетител може да пронајде нешто што ќе го воодушеви и инспирира во оваа метропола на Балканот.
1. Старата скопска чаршија
Старата чаршија е срцето на османлиското наследство во Скопје. Овој трговски кварт, кој датира од средниот век, е исполнет со тесни калдрми, стари дуќани и традиционални занаетчиски работилници. Тука можете да уживате во автентичната атмосфера, да ја дегустирате традиционална македонска кујна и да пронајдете голем број на рачно изработени сувенири.
2. Камени мост
Како симбол на градот, Камениот мост го поврзува стариот и новиот дел на Скопје.
Изграден во XV век за време на османлиското владеење, овој монументален мост претставува сведоштво за историјата. Преку него се овозможува директен пристап од плоштадот Македонија кон Старата скопска чаршија.
3. Скопското Кале
Скопската тврдина, позната како Кале, се издига над градот и нуди панорамски поглед кон Скопје и реката Вардар. Со своето стратешко значење низ историјата, Скопското Кале сведочи за различните цивилизации што го населувале регионот.
Денес, оваа локација е популарна туристичка атракција и културно-историски споменик.
4. Кањон Матка
Кањонот Матка е едно од најубавите природни богатства во Македонија.
Тој е природен резерват, дом на повеќе пештери меѓу кои е пештерата Врело за која се смета дека е една од најдлабоките подводни пештери во Европа и во светот.
Изобилува со средновековни манастири и ендемични растителни и животински видови.
При посета на кањонот можете да уживате во кајакарење, пешачење и истражување на прекрасните карпести формации што го красат кањонот.
5. Милениумски крст
Сместен на врвот на планината Водно, Милениумскиот крст е еден од највпечатливите знаменитости на Скопје. Со својата височина од 66 метри, тој е еден од најголемите крстови во светот. До врвот може да се стигне со жичара или пеш, а од таму можете да уживате во прекрасен поглед на целиот град и поширокиот регион.
6. Градскиот парк и Зоолошката градина
Градскиот парк во Скопје е зелената оаза на градот, идеална за одмор, прошетка и рекреација. Во склоп на Градкиот парк се наоѓа и Зоолошката градина, која е една од најстарите на Балканот и дом на различни животински видови. Овие две локации се идеални за семејни посети и бегство од градската гужва.
7. Ноќниот живот во Скопје
Ноќниот живот во Скопје е жив и динамичен, нудејќи голем избор на барови, клубови, кафулиња и дискотеки кои работат до раните утрински часови. Во центарот на градот, особено околу плоштадот Македонија, Дебар Маало и Кејот на Вардар, може да се најдат локали со различна музика – од традиционална македонска, џез и рок, до модерна електронска музика.